Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДржавата ќе плаќа обуки за директни вработувања

Државата ќе плаќа обуки за директни вработувања

drzavni obuki

Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување и Центарот за стручно образование предвидоа 110 обуки за работници во различни сектори на производството и индустријата. Затоа секој заинтересиран кој не е вработен ќе може да ги поседува бесплатните обуки кои се директно поврзани со самите компании за да можат веднаш да се вработат штом ги стекнат потребните вештини и знаење.
Целата програма ќе се финансира со 35 милиони евра и предвидено е да им се овозможи на 640 лица многу полесно да дојдат до вработување, додека пак компаниите ќе се осигураат дека кадарот кој го примаат е квалитетен и може да одговори на нивните потреби. Огласот за обуките ќе биде објавен во понеделник и ќе се распредели во Скопје и повеќе градови низ Македонија.