Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДрон го попречувал слетувањето на авион во Варшава

Дрон го попречувал слетувањето на авион во Варшава

Патнички авион на германската компанија „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон во близина на Меѓународниот аеродром во главниот град на Полска, Варшава, соопштиле службите на аеродромот. Инцидентот се случил вчера попладне, кога дронот се доближил на стотина метри од авионот, кој летал од Минхен. Екипажот на „Луфтханза ембраер ЕРЈ -195“ го пријавил избегнатиот судир кога авионот се наоѓал на висина од околу 760 метри.

Полската полиција засега без успех трага по дронот кој за малку ќе предизвикал судир при слетувањето на авионот. На сопственикот на леталото, кога ќе биде фатен, му се заканува казна затвор од осум години.

„Би-Би-Си“ јавува дека Миколај Карпински од Агенцијата за воздушна навигација, за полската телевизија изјавил дека пилотите ведаш го пријавиле дронот на контролната кула, од каде го пренасочиле авионот по друга патека. По три минути авионот на „Луфтханза“ безбедно слетал на варшавскиот аеродром.