Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДрина повеќе да не биде крвава – Србија и БИХ во нова ера

Дрина повеќе да не биде крвава – Србија и БИХ во нова ера

Белград беше домаќин на државниот врв на Босна и Херцеговина и премиерот Вучиќ ги пречека членовите на претседателството со највисоки државни почести. Од нивните средби е истакното дека Дрина повеќе не смее да биде облиена во крв и дека меѓу двете земји може да просперира мир и пријателство и да се надминат демоните од минатото.

Vucic-i-pretsedatelstvo

По големиот инцидент и нападот врз Александар Вучиќ во Поточари, за време на комеморацијата на жртвите од Сребреница, тројцата членови на претседателството Изетбеговиќ, Човиќ и Иваниќ пристигнаа во позитивна атмосфера со упатени пораки за отворање нова ера во односите меѓу БИХ и Србија и побрз напредок во патот кон ЕУ и економски прогрес.

Што треба, повторно ли да се бориме, Дрина повторно да биде матна од крв, кој ќе биде резултатот!? Нашата обврска е да создадеме мир и нормално размислување, да покажеме дека можеме да се промениме, изјави Александар Вучиќ.

Членовите на претседателството на БИХ возвратија со позитивни пораки со голема надеж дека граѓаните ќе може да продолжат да живеаат заедно, притоа со покажување на почит за сите загубени животи во војната во 90-тите. Исто така беше порачано дека етничките Срби во Босна треба да се интегрираат и своите политички борби да не ги водат во Белград.