HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДрејк и официјално го помина Мајкл Џексон

Дрејк и официјално го помина Мајкл Џексон

Објавени се номинациите за доделувањето на овогодинешните Американски музички награди, кои веќе најавуваат дека оваа година дефинитивно била најуспешна за раперот Дрејк. Со своите 13 номинации, Дрејк и официјално го помина рекордот на Мајкл Џексон кој Кралот на поп музиката го држеше полни 32 години. Џексон во 1984 година беше номиниран 11 пати.

Канадскиот рапер Дрејк ги освои овогодинешните номинации за за уметник на годината, омилен машки изведувач, а неговиот успешен албум „Views“ беше номиниран за омилено студиско издание. Дрејк до сега нема освоени ниту една „Билборд“ награда. Покрај Дрејк, со овогодинешни номинации за Американските музички награди можат да се пофалат и Адел, Џастин Бибер, Бијонсе и Ријана, која освои седум номинации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com