HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДрејк и Фјучер објавија нова песна и спот

Дрејк и Фјучер објавија нова песна и спот

index

Канадскиот рапер Дрејк и неговиот колега Фјучер од САД соработуваат веќе долго време, а неодамна повторно ги здружија силите за да ја снимат нумерата „Used to This“, за која беше објавен и спот. Продуцент на песната е Зејтовен, популарниот ди-џеј од Калифорнија кој во 2011 година ја освои и Греми наградата за продукција на албумот на Ашер „Raymond vs. Raymond“.

Спотот за нумерата „Used to This“ содржи и видео-снимки од заедничката турнеја на двајцата рапери од почетокот на оваа година. Песната исто така ќе се најде и на предстоечкиот проект на Фјучер „Beast Mode 16“, чиј продуцент е исто така Зејтовен. Дрејк и Фјучер во своите претходни соработки до сега ги снимија песните „What a Time to Be Alive“ и „Grammys“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com