HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДрејк и Бибер најуспешни на доделувањето на Американските музички награди

Дрејк и Бибер најуспешни на доделувањето на Американските музички награди

images

Раперот Дрејк и канадскиот музичар Џастин Бибер, на синоќешната церемонија одржана во „Мајкрософт театар“ во Лос Анџелес, освоија по четири признанија на Американските музички наградиза 2016 година и така станаа дел од групата на „големи добитници“ на тоа признание. Канаѓанецот Дрејк, кој со 13 АМА номинации го сруши рекордот на Мајкл Џексон, изјави дека „само сака работите да продолжат да бидат возбудливи и да се занимава со музика“.

Наградата АМА им се доделува на музичарите кои оствариле најдобар комерцијален успех во преходната година и тоа на основа на гласовите добиени од своите обожаватели. Дрејк, меѓу другото, ја освои наградата и за најдобар уметник во категоријата рап-хип-хоп, за најдобра песна и за најдобар албум „Views“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com