HomeДЕНЕШНАСветДрама во Женева: Евакуиран руски патнички авион

Драма во Женева: Евакуиран руски патнички авион

Патнички авион од руската авио-компанија „Аерофлот“ бил евакуиран на аеродромот во Женева. Еден маж е уапсен откако кажал дека во авионот се наоѓа бомба, соопштила канцеларијата на јавното обвинителство во Женева. Во соопштението на „Аерофлот“, стои дека станува збор за авион на таа компанија на летот 238 кон Москва и дека патниците биле префрлени во друг авион кој ќе ги однесе до крајната дестинација.

Портпаролот на јавното обвинителство во Женева изјави дека уапсениот маж е Русин, како и тоа дека во авионот се наоѓале 115 патници и членови на екипажот. Авионот моментално го прегледува полициски тим кој се обидува да утврди дали во него се наоѓала експлозивна направа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com