HomeДЕНЕШНАПолитикаДрама во УБК – СЈО ќе дежура цела ноќ дури не добие пристап

Драма во УБК – СЈО ќе дежура цела ноќ дури не добие пристап

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека се соочува со огромен проблем при истражните дејства во УБК бидејќи и натаму не им е даден пристап до компјутерскиот систем со цел да ги добијат потребните податоци. И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука која е круцијална за нашето работење.

„Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба.” – повторно истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата.

Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на Директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com