Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДрама во Скопје: Мигрант се самоповредил кога дознал дека мајка му починала

Драма во Скопје: Мигрант се самоповредил кога дознал дека мајка му починала

Синоќа около 21:50 часот во Прифатниот Центар за Странци во Скопје се одвивала голема драма. 19-годишниот С.М. од Авганистан, кој е привремено сместен во Центарот се самоповредил со остар предмет. Младото момче си нанело гребаници по горниот дел од двете раце над дланките и двете нозе во долниот дел, откако по телефонски разговор со татко му дознал дека неговата мајка починала.

На истиот му е укажана лекарска помош.