HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДрама во Штип: Сопругата му забила нож во чело на нововенчаниот сопруг

Драма во Штип: Сопругата му забила нож во чело на нововенчаниот сопруг

234364

Вистински хорор се случувал синоќа околу 2 часот по полноќ во куќа на улицата „Косовска“ во Штип.Настанала расправија помеѓу Е.Д. (41) и неговата невенчана сопруга Џ.С. (45), по што ео еден момент жената зела кујнски нож и го фрлила кон Е.Д., кој му се забил и останал во главата, во пределот на челото. Истиот бил пренесен во Клинички центар Штип, каде што со хирушка интервенција му бил изваден ножот и се наоѓа вон животна опасност, информираат од полицијата.

Жената е приведена и задржана во полициска станица, а на местото на настанот е извршен увид. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com