Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДР-ДПА: Се трча последниот круг на маратонскиот циркус во здравството

ДР-ДПА: Се трча последниот круг на маратонскиот циркус во здравството

Одделот за здравство на Движењето за реформи ДПА вели дека Владата во заминување, преполна со коруптивни афери, идеатор и реализатор на разнебитувањето и деградацијата на јавното здравство, се појавува во јавноста со „добра вест”, изградбата на новиот Клинички Центар во Скопје, јавува „Плус инфо“.

„Пратеникот во Собранието на Република Македонија и поранешен министер за здравство, Г. Никола Тодоров потпишува договор за реализација на овој многу голем проект во според правните експерти, многу сомнителни околности, со која се докажува и потврдува дезориентираното однесување на партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сателити. Овој потег е показател дека се работи за последниот круг на смешниот и маратонски циркус на овој министер – аматер во областа на здравството, како и за една тенденција за дефокусирање на јавноста од ужасните настани од крвавиот четврток, каде што бесрамно, преку кршење на сите етички норми и на Хипократовата заклетва, лекари од оваа партија го оцрнија светиот бел мантил како непосредни учесници во овој грозоморен настан“, се наведува во соопштението.

Одделот за здравство на Движењето за реформи ДПА бара итно запирање на овој проект и на оваа детско однесување.

„Овој проект треба да се оствари од страна на новата реформска влада, транспарентно, со јавна дебата и консултации со професионалци од оваа област, но исто така и со други поединци вклучени во менаџирањето на здравството. Исто така, бараме од техничката Влада итно и неодложно да престане со реконструкција на клиниките и болниците во ниедно време бидејќи со тоа предизвикува големи пречки на нивното секојдневно работење. Во блиска иднина ќе бараме отчет и одговорност за огромната штета врз и така осиромашените буџети на Универзитетски Клиники и на другите јавни болници во Македонија“, соопшти одделот за здравство ДР-ДПА.