HomeДЕНЕШНАСветДојче Веле тужи турско министерство за конфискација на снимено интервју

Дојче Веле тужи турско министерство за конфискација на снимено интервју

Дојче Веле поднесе тужба во Анкара против турското Министерство за млади и спорт поради конфискување на едно интервју со ресорниот министер – објави медиумот. Тој потег на турските власти предизвика бурни реакции ширум светот.

Непосредно по снимањето на ТВ-интервјуто за емисијата на ДВ „Зона на конфликти“ (Conflict Zone) кое во Анкара, на 5 септември. го водеше со водителот Мишел Фридман, турскиот министер за млади и спорт Акиф Чагатај Килич (на фотографијата десно) наложи видео-материјалот да се заплени.

ДВ потоа им даде рок на турските власти да го вратат снимениот материјал до наредното претпладне, но Министерството се оглуши на барањето, исто како и на наредното барање и вториот рок кои на турската страна им ги дадоа адвокатите на Дојче веле. Сега ДВ поднесе тужба пред судот во Анкара.

Генералниот директор на ДВ Петер Лимбург ја осуди постапката на турските власти. „Тоа нема никаква врска со правна држава и демократија. Сега по правен пат од турската страна бараме без одолговлекување да ни го врати нашиот видео-материјал.“

Управниот одбор на ДВ му даде категорична поддршка на овој чекор. Претседателот на одборот Карл Јистен изјави: „Ние се залагаме за неограничена слобода на медиумите. Турција е тесно поврзана со Европа, а тоа подразбира и почитување на основните демократски начела како што е слободата на медиумите. Тука мора да важат слични стандарди. Вознемирувачки е тоа што ДВ мора да поднесе тужба пред суд за да ја добие назад снимката со интервјуто со турскиот министер“.

Освен тоа, Управниот одбор го пзодрави новинарскиот ангажман на ДВ по прашањето на Турција и на читателите од Германија кои зборуваат турски јазик. Тоа тело истовремено бара за ДВ „да се обезбедат соодветни финансиски средства“ за да може да ја оправда својката одговорност како објективен понудувач на информации во еден политички значаен регион. „Не можеме да го прифатиме она што се случува во Турција во врска со слободата на медиумите. Задача на ДВ е да ги информира сеопфатно и објективно луѓето во таа земја и да ги пренесе ставовите на Германија“, изјави Јистен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com