HomeДЕНЕШНАПолитикаДојче Веле: Рекорден егзодус на Македонците кон Германија

Дојче Веле: Рекорден егзодус на Македонците кон Германија

Само во 2015 година, над 24 илјади македонски државјани ја напуштиле својата татковина во потрага по подобар живот во Германија. Од нив, 12 илјади останале. Бројката на доселеници се приближува до рекордни 100 илјади – објавува Дојче Веле.

Во 2015 година забележан е драматичен пораст на доселувањето од Македонија во Германија, и притоа бројката на македонски државјани кои живеат во оваа земја достигна над 95 илјади луѓе. Со оглед на тоа што во 2009 година бројката на Македонци во Германија изнесувала 62.900 луѓе, тоа значи дека во шест години од 2009 до 2015, 32.700 Македонци ја напуштиле својата земја и се доселиле во Германија. Во текот на 2015 околу 24 илјади македонски државјани пристигнале во Германија. Половината од нив останале да живеат тука или вкупно 12.100.
aerodrom-skopje-departures

Податоците покажуваат дека трендот на масовно иселување од Македонија кон Германија драматично се засилува во последните години. Во 2014 година, нето-приливот (државјани кои останале во Германија) изнесувал околу 6 илјади луѓе. Во 2015 година, таа бројка е удвоена.

Меѓу регистрираните македонски државјани во Германија особено е голем бројот на оние меѓу 20 и 45 години старост- возраст која се смета за најплодотворна. 38 илјади македонски државјани на оваа возраст се жители на Германија или околу 36 проценти од вкупната бројка. Дополнително, речиси 35 проценти од вкупниот број не се во брак. Околу 10.500 деца од родители со македонско државјанство се родиле во последните 10 години во Германија. Од вкупната бројка жители со македонски пасош во Германија, нешто над 14 илјади се родени во таа земја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com