Доста беа солзи, во косовскиот парламент ќе се ловат солзавците
Косовскиот парламент редовно беше „насолзуван“ во изминатите месеци бидејќи пратениците од опозицијата на речиси секоја седница успеваа да фрлат солзавец во салата.
Сега службите во парламентот како решение најавуваат инсталирање на модерен скенер кој при влез ќе детектира што носи секој пратеник и ако му е пронајден солзавец ќе му биде одземен. Косовскиот начин на парламентарна демократија иако звучи малку „занимливо“ воопшто не и се допаѓа на меѓународната заедница.