Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДончев: Фалсификувани лекови од Турција биле увезувани во Македонија преку фирма на кумот на Груевски

Дончев: Фалсификувани лекови од Турција биле увезувани во Македонија преку фирма на кумот на Груевски

Пред две години македонската полиција индиректно добила информација од турската полиција дека во подземни капацитети во Турција се произведуваат лекови за Македонија. Овие лекови произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз. Во ова се замешани три фирми кои контролираат можеби 50 отсто од пазарот на паралелен увоз и се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер, вели во интервјуто за неделникот „Фокус”, директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

„Овие лекови доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година Но, тоа кај нас не е паралелен увоз , туку паралелна трговија во рамките на границите на ЕУ, која пред сѐ беше наменета да има меѓусебна трговија меѓу земјите за да не останува одреден вишок на лекови во одредена земја и евентуално да се надомести недостиг од истиот лек соодветно. Целта беше да се искористат рационално сите лекови, но квалитетот беше обезбеден во рамките на регулативите на ЕУ“, вели Дончев.

Тој објаснува дека претходната влада, повикувајќи се на тој модел, воведе паралелен увоз, а преку 95 отсто од увозот на лекови доаѓа од една земја, а тоа е Турција.

„Претставник на еден фармацевтски гигант ми кажа дека пред две години добил извештај од туркста полиција и го спровел до македонската. Во тој извештај турската полиција предупредува за подземни производствени капацитети во Турција, кои прооизведуваат лекови за македонскиот пазар… Организирани групи ги собираат оригиналните амбалажи и ги даваат на овие андерграунд производители на лекови. Така, лекови произведени од сомнителен извор се пакуваат во оригинална амбалажи од оригинаторите. Амбалажата е оригинал, а лекот е „фалц“. Ова се поклопува со фактот дека во една пратка добивме разни сериски броеви“, вели Донев.

Тој вели дека ова се случувало и со инсулинот.

„Документиран е случај дека во Македонија доаѓа одреден инсулин, спакуван во амбалажа на наводно друг инсулин. Не сум лекар, но како што ми кажаа, ако таков инсулин пациентот го користи без да биде свесен што точно користи, зависи од поединецот, може да дојде до трагични последици“, вели Донев.

На прашањето на новинарот дали во ова е замешана фирмата на Ристо Новачевски, преку кого беше купен и плацот на Водно за Груевски, Дончев вели дека релативно лесно може да се дојде до податокот за фирмите кои вршат паралелен увоз.