Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДоналд Туск: Тажен ден за Европската унија

Доналд Туск: Тажен ден за Европската унија

Доналд Туск, претседавачот со Советот на Европскта унија, по референдумот за излез на Велика Британија оцени дека ова е тажен ден за европското семејство.

„Нема начин да се предвидат сите политички последици за Велика Британија. Ова е историски момент, но сега не треба да се реагира хистерично“, прокоментира кратко Туск по објавата на резултатите од Брегзитот.

Туск вели дека преостанатиот блок од 27 земји членки се подготвувал за ваков исход и ќе се обиде да го задржи единството, па наредната недела ќе се одржи состанок на кој ќе се дискутира иднината и стабилноста на ЕУ.