Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДоналд Трамп уништен од сопартијците – You are fired

Доналд Трамп уништен од сопартијците – You are fired

Милијардерот Доналд Трамп најверојатно ќе ја заврши кампањата за нов претседател на САД уште пред да дојде до преелиминарните избори бидејќи неговите сопартијци Републиканци го „уништија“ во медиумите оградувајќи се од неговите скандалозни изјави за емигрантите јужно од границата. Трамп во воведниот говор со кој ја започна кампањата изјави дека како градежник знае најдобро како се градат високи ѕидови и дека од југот доаѓаат само нарко дилери, убијци и силувачи.

trump on bush

Најсилните зборови против Трамп ги кажа гувернерот на Флорида Џеб Буш кој рече дека милијардерот не е дел од Републиканската партија, нанесувајќи силен удар на неговите заложби за претседател. Џеб Буш е инаку оженет со мексиканка и е еден од најлибералните кандидати на Републиканците кога е во прашање миграцијата. Џеб е брат на Џорџ Буш и е еден од најсериозните кандидати за нов претседател на САД бидејќи има големи шанси да ги привлече гласовите на латиноамериканците и малцинствата, а добро стои и со конзервативното гласачко тело.

Доналд Трамп и оваа кампања ќе ја заврши неславно бидејќи е омилена тема за потсмев на медиумите, па дури и Fox кои се на нивна страна не му изразија голема подршка. Дополнителен проблем за Трамп е и изборот за Мис Универзум од каде се повлекоа поголем број на учеснички од Јужна Америка, а изгуби и значаен дел од ТВ преносите.