Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДоналд Трамп тресе глупости ама води на анкетите

Доналд Трамп тресе глупости ама води на анкетите

Милијардерот Доналд Трамп е најголемото изненадување во трката за нов претседател на САД. Покрај сите негови лоши изјави поврзани со нелегалните мигранти од југот на границата за кои смета дека дел се убијци, силувачи и дилери на дрога, па се до навредата на Џон Мекејн дека не е херој на Америка и понатаму води на преелиминарните анкети.

Изгледа дека тонот на Доналд Трамп им се допаѓа на голем број на републиканските гласачи на кои им е преку глава од истренирани политичари кои само зборат, а ништо не работат. Најновиот судир на Доналд Трамп е со Џон Мекејн за кого изјави дека дозволил да биде заробен во Виетнам и дека само со тоа не може да биде херој на војната иако поминал 5 години во еден од најсуровите кампови за заробеници.

donald-trump2

Републиканската партија во голем дел го осуди говорот на Доналд Трамп и бараат начин за да се дистанцираат од контроверзниот милијардер, но гласачите ги сакаат неговите реторики и митинзите на кои држи говори се едни од најмасовните. Републиканците имаат лоши кандидати кои не можат да ги обединат сите гласачи, тука е Џеб Буш кој го носи товарот на неговото претседателско семејство, а останатите немаат голема популарност.

Номинацијата за републиканскиот претставник на изборите може да му биде одземена на Доналд Трамп, а тој порача дека нема намера да се кандидира како независен бидејќи без неговите гласови најмногу штета ќе претрпи партијата.

Автор
Христијан Станоевиќ