Saturday, Dec 16, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаДомот на култура во Богданци со реновирана сала

Домот на култура во Богданци со реновирана сала

bogdanci

Повеќенаменската сала во Домот на културата „Бранд Петрушев“ е целосно реновирана со 77 илјади евра обезбедени од општина Богаданци и европските фондови од ИПА програмата.dom na kultura boganciРеконструираната сала сега има 145 седишта и сценски простор од 72 метри квадратни кој овозможува услови за театарски претстави, музички, танцови и јавни настапи, кино и други визуелни проекции, изјави Катерина Минова од општина Богданци.

Со ова е целосно завршена реконструкцијата на внатрешниот простор на постоечкиот објект на ДК „Бранд Петрушев“, со вкупна нето површина од 715м2.