Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманДомашната и квалитетна храна ве дебелее?-eве каде грешите

Домашната и квалитетна храна ве дебелее?-eве каде грешите

Сте се запрашале ли која е причината поради која не изгледате фит а се храните исклучиво во домашни услови? Како повеќето изговори, за добар изглед, и исхранувањето дома е еден од нов. Резултатите зборуваат за личноста а ние може да ви помогнеме со неколку правила кои ретко кој ги почитува.

food home

За почеток е готвењето на брзина. Во храната треба да се ужива. Доколку не можете да одвоите доволно време за готвење ви препорачуваме да си го измените распоредот. Запаметете дека ставот “Има време за се” е одлика на успешните.

Следно нешто на кое треба да се обрне посебно внимание е премногу зачинетата храна со рафиниран шеќер, сол како и бело брашно. За да се објасни штетата која ја предизвикуваат овие прехрамбени продукти ќе треба да напишеме посебна статија затоа ќе наброиме само на кратко:

– Успорување на работата на мозокот и функциите за помнење

– Висок крвен притисок

– Предизвикување на канцер

Наш предлог е да користите хималајска / црвена сол , кафеав шеќер и редовно консумирање на овошје и интегрално брашно / пецива. Доколку пак сакате зачинета храна користете зачини кои не се фабрички обработени или доколку сте во можност сами приготвувајте си ги истите.

Дефинитивно вреди да се споменат и сосевите и готвењето со сончогледовото  масло за јадење. Сите знаеме колку е убаво храната да биде вкусна и што помалку сирова меѓутоа тоа директно се одразува врз нашето здравје конкретно врз поткожните, мастите во крвта и висцеларните масти. Иско како и кај зачините сосевите можете да си ги приготвите дома (и ќе бидете сигурни во нивните состојќи и рок на траење) додека пак сончогледовото масло за јадење заменете го со маслиново или кокосово масло.

Храната која се чува долго време е исто така причинител за лошиот изглед и здравје. Гледајќи од нутритивен аспект пред се таа храна губи до 70% од хранливите материи кои би ги примиле кога би ја изеле во свежа состојба. Токму поради таа причина бидете експедитивни во трошењето на залихите.