HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДомашен притвор за возачот кој го прегази младиот Кико

Домашен притвор за возачот кој го прегази младиот Кико

hristijan

Судот на осомничениот возач Јонче Давидовски му определи мерка на претпазливост со куќен притвор поради тоа што се исполнети законските основи и за да непречено се спроведе истрагата. Јончевски се сомничи дека со своето возило го прегази 19 годишното момче Христијан Крстевски во скопската населба Гоце Делчев.

Судот по предлог на обвинителство реши и за одземање на возачката дозвола и забрана за издавање нова дозвола за осомниченото лице. Во вторникот, МВР ја достави до Обвинителството кривичната пријава против Давидовски, кој ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку 4 години. Од досегашните преземени дејства, утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа, осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 грам промили алкохол во крвта и со неприспособена брзина. Побаран е извод од крим евиденција за осомниченото лице што управувало со моторното возило, наредено е сообраќајно-техничко вештачење и прибирање на потребните податоци. Надлежниот обвинител веднаш ги повика за давање исказ лице сведок на настанот и осомниченото лице”, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

За загубата на младиот живот на Христијан се организираа и протести против несовесните возачи и има групи за поддршка на социјалните мрежи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com