Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДОМ: Поскапите билети во ЈСП, во корист на загадувањето

ДОМ: Поскапите билети во ЈСП, во корист на загадувањето

Демократската Обнова на Македонија (ДОМ), или попозната како „партија на Зелените“ упати остра реакција до Град Скопје за предвиденото поскапување на градскиот превоз и разните рестриктивни мерки во однос на него.

Наместо да се преземат мерки за намалување на загадувањето и да се стимулира јавниот превоз, од таму преземаат контра мерки и придонесуваат дополнително да се зголеми употребата на приватни возила и со тоа загадувањето уште повеќе да добие на интензитет.

Ова е нелогична одлука и таа итно треба да се преиспита. ДОМ упатува апел и до советниците во Град Скопје да не ја поддржат оваа одлука и да се спротивставаат на нејзино усвојување.

ДОМ го прашува градоначалникот Коце Трајановски и ЈСП Скопје:

Врз основ на каква анализа ја предлагаат оваа одлука?
Дали граѓаните кои редовно го користат јавниот превоз треба да ги плаќаат вишокот споменици?
Дали имаат намера да преземат сериозни мерки за намалување на загадувањето?