Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДОМ нуди хостелско сместување за семејствата во поплавените подрачја

ДОМ нуди хостелско сместување за семејствата во поплавените подрачја

ДОМ нуди интервентна помош за најранливите категории.  Предност имаат мајки со бебиња и деца до 3 години.

За првите 20 лица што ќе се јават на телефонот 076/311-601 ќе биде обезбеден престој во хостел со оброци во следните 10 дена.

-Ова е ургентна интервенција за дел од оние што немаат услови за живеење во нивните домови уништени од поплавите. Тие се соочени со зарази, воспаление на белите дробови и други болести, зашто деноноќно престојуваат во влажни простории, во близина на загинати животни во распаѓање, без вода и струја. ДОМ ќе се фокусира на донации во детска храна, млеко, пелени, облека и хигиенски производи, се наведува во соопштението на ДОМ.