Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДокументарец: Канабисот меѓу болката и законот

Документарец: Канабисот меѓу болката и законот

Во период кога во Македонија се разгледуваат методите за легализација на канабисот во медицински употреби светската јавност се уште е поделена меѓу аргументите за и против. Дел од медицинските работници тврдат дека не постојат научни докази и доволен број на истражувања кои ги потврдуваат поволните својства на канабисот како лек, но многумина тешко болни веќе го искористиле маслото од канабис добиено по нелегални канали за да го спасат својот живот.

kanabisОваа горлива тема ја обработува најновиот документарец на Vice наречен „Меѓу болката и законот“ во кој Катерина Петровиќ е однесена на непозната локација за да истражи како се создава маслото од канабис.Искуството од Србија може да биде драгоцено за македонските власти кои може да стават крај на ризичните потези на тешко болните на кои им потребен лекот што е можно побрзо и маслото од канабис да биде дел од медицинската терапија во Македонија.