Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДокумент откри дека било забрането болни од сколиоза да се праќаат во странство – популистичката политика и пресуди на малата Тамара

Документ откри дека било забрането болни од сколиоза да се праќаат во странство – популистичката политика и пресуди на малата Тамара

Малата Тамара не била пратена во странство бидејќи ја чувале за промоција на спиналниот центар – објави Либертас. Документот кој го објави овој медиум, открива дека Фондот за здравствено осигурвање на Македонија на 8-ми октомври 2014 година испратил допис со кој препорачува пациентите кои боледуваат од сколиоза, кифоза или кифосколиоза да не бидат упатувани на лекување во странство бидејќи „се работи за заболувања при кои не постои итност за оперативно лекување“.

„Во крајна фаза на подготовка пред започнување со работа, а во рамките на јавните здравствени установи се наоѓа Спиналниот Центар со чиј делокруг на работење ќе бидат опфатени оперативните интервенции кај осигурениците кои имаат потреба од истите“, стои во дописот.

7658769878

787899009078

Дека постоело вакво барање лани во февруари откри и Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести, која рече дека одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, односно се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето.

Скандалозно е мешањето на Фондот за здравство во одлуките на лекарските комисии во одлучувањето, бидејќи ФЗОМ ги плаќа парите за лекувањата а не треба да одлучува кои случаи се итни а кои не.

Дописот е испратен до директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, како и раководителите на Клиниката за трауматологија, Клиниката за ортопедски болести, Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, и Ургентниот центар. Ова известувње било упатено и до првостепената и второстепената лекарска комисија кои одлучувале за случаите. Еден од најекспонираните случаи од тој период беше малата Тамара Димовска која чекаше лекување во странство. Таа сепак не ја дочека одлуката и почина на 9 февруари 2015 година.

Дека постоело вакво барање лани во февруари откри и Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести, која рече дека одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, односно се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето. Скандалозно е мешањето на Фондот за здравство во одлуките на лекарските комисии во одлучувањето, бидејќи ФЗОМ ги плаќа парите за лекувањата а не треба да одлучува кои случаи се итни а кои не.