Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДокторите мижат пред доказите: канабисот не лечел рак

Докторите мижат пред доказите: канабисот не лечел рак

Дебатата е отворена, но со каква цел. Докторите упорно не ги признаваат доказите од многуте случаи излекувани од рак со помош на маслото од канабис. Доктори-специјалисти од различни медицински области, како и фармацевти, претставници на граѓанскиот сектор и граѓански здруженија јавно дебатираа на тема „Примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели“.

Нашите специјалисти сметаат дека за потврдување на ефектите од канабисот потребни се строго дефинирани дополнителни клинички студии со кои ќе се потврди терапевтскиот ефект и користење во строго дефинирани индикации. Медикаментите на база на канабис засега даваат резултати само во симптоматската терапија. Дел од граѓаните и претставниците на здруженијата кои се залаагат за употреба на канабисот во медицински цели, со конкретни примери се спротиставија на докторите.
debataМилан Ристевски, директор на Клиниката за онкологија смета дека нема доволно методолошки исправни студии на светско ниво за ова прашање и апелираше да не се верува на сето она што ќе се прочита на Интернет, каде што се потенцираат само позитивните искуства, а се занемаруваат илјадниците случаи каде што има никаков или само штетен ефект од користењето на канабисот.

Игор Кузмановски од Клиниката за нефрологија појасни дека досега легислативата околу одобрувањето за користење на препаратите од марихуана се единствено кај најтешките и хроничните болни каде што има одобрување за користење за медицински цели но, потенцира, не за излекување, туку како само симптоматска терапија.

На ова се спротистави и директно засегнат пациент. Филип Достовски, од здружението „Зелена алтернатива“, рече дека докторите изнесуваат невистини за канабисот.

– Сум видел луѓе кои што се излечиле од напредни фази на канцер со маслото од канабис. Јас и самиот имав такво искуство. Се што кажавте пред малку е неточно, не можете да ги спречите луѓето да се информираат на интернет – рече Достовски и појасни дека во Македонија најчесто на болните од рак им се продава неквалитетно масло од канабис, кое нема никаков ефект при нивното лекување.
oilДоктор Дарко Крстевски од Центарот за превенција и третман на зависници од дрога при ГОБ „8 Септември“, истакна дека пред се потребно е да се направи разлика меѓу корисниците на дрога кои употребуваат канабис и лицата кои го користат за лекување. Потенцира дека иницијативата за употребата на канабисот не произлегува од корисниците на дрога, туку од пациентите. Според него, од маслото од канабис во Македонија нема да има зависници.

А министерот за здравство, Никола Тодоров на самото отворање на дебатата истакна дека минатиот месец, вкупно 13 земји од ЕУ овозможиле употреба на канабисот во медицински цели, меѓу кои, како што наведе, се Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија,…

Дали е ова вистински обид да се најде решение кое ќе биде во полза на пациентите или е само трик да за одвлекување на внимание, останува да видиме. Во продолжение ве потсетуваме на сторијата за 3-годишното дете кое со помош на маслото од канабис се спаси од ракот, како и на биохемичарот кој одбил хемотерапија затоа што веќе го имал лекот.