Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДоктор Ставриќ од Апелација доби само условна казна

Доктор Ставриќ од Апелација доби само условна казна

По разгледувањето на жалбата Апелациониот суд ја преиначи санкцијата против докторот Дејан Ставриќ и осудителната пресуда наместо со затворска е заменета со условна казна, што значи дека санкцијата нема да се примени доколку во наредните три години не стори кривично дело или го повтори истото.

Офтамологот Ставриќ најпрво беше осуден за земање на мито од 2.000 евра за посредување при инвалидска пензија. Неговата одбрана пак, тврдеше дека тој сакал да му помогне на пациентот при закажување на операција. Во мај 2015 година на повтореното судење за случајот со Ставриќ, Кривичниот суд му одреди казна затвор во траење од една година.