HomeДЕНЕШНАПолитикаДоктор Ношпал реагираше на Фејсбук: Нема транспорт, материјали и кревети. Во што се претвори нашиот јавен здравствен систем

Доктор Ношпал реагираше на Фејсбук: Нема транспорт, материјали и кревети. Во што се претвори нашиот јавен здравствен систем

todor-nospal

Доктор Тодор Ношпал на својата Фејсбук страница изнесе случај кој ја одразува лошата состојба во македонското јавно здравство. Македонското здравство нема материјали, слободни кревети и транспорт на болни пациенти, пишува ортопедот Ношпал.

„Сеуште не можам да се изначудам на она што денеска се случи во Тетово. Имено На моето ново работно место во болницата Медика Истанбул во Тетово, донесоа 70 годишна жена која паднала пред недела дена и од тогаш не може да оди бидејќи има болки во десниот колк. Ја прегледав жената, ги направивме потребните испитувања, дадовме аналгетици, инфузија, направивме комплетна проценка и поставив индикација за неопходна оперативна интервенција (имплантација на субтотална протеза на колкот). Бидејќи сеуште не ни е отворен оперативниот оддел се јавивме во итна медицинска помош во Тетово за пациентката да ја земат и да ја префрлат во некоја од болниците во Скопје (Кл. Центар, 8-ми Септември, Св. Наум) за да се изведе потребната интервенција. Одговорот беше дека тие таков транспорт не вршат??? и дека нема да дојдат??? Едвај некако организиравме превоз со фамилијата на пациентката. Во исто време стапив во контакт со колегите од наведените болници од јавниот сектор за да ја најавам пациентката. Одговорот и одтаму беше неизвесен бидејќи неколку месеци немале материјали и немале слободни кревети. Отворено прашувам во што се претвори нашиот јавен здравствен систем, какви се овие реформи на Тодоров и каде е овдека напредокот во истиот“- стои во Фејсбук објавата на доктор Ношпал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com