Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДокажаниот кадар на ДУИ, Ејуп Рустеми на чело на ЈП за државни патишта

Докажаниот кадар на ДУИ, Ејуп Рустеми на чело на ЈП за државни патишта

Досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти премиерот Зоран Заев.

На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции.

– „Дел од одлуките ќе бидат донесени денеска. Дел ќе бидат донесени одлуки за распишување на конкурс, бидејќи има институции кои своите раководни места ги бираат на конкурс. Има и дел од одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на управни и надзорни одбори поставени од Владата за политичко постапување на раководни места“, изајви Заев.

Рустеми доаѓа на местото на Зоран Китанов, кадар на СДСМ.

На директорското место на Македонска пошта треба да застане кадар од СДСМ. Власта веќе најави дека за оваа институција се размислува да премине во јавно-приватно партнертво.