Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиДојран три дена живееше во знакот на добрата забава

Дојран три дена живееше во знакот на добрата забава

Вкупно 13.000 посетители, преку 1.000 шатори во фестивалскиот камп и три дена интензивна забава го одбележаа петтото јубилејно издание на Д Фестивал. Дојран три дена живееше во знакот на добрата забава. ПМГ колектив, Бед Копи, Кирил Џајковски и легендарниот Ману Чао направија спектакуларно доживување за сите посетители. Забавата секоја вечер продолжуваше во кампот до раните утрински часови. Револуционерниот Ману Чао не ја пропушти можноста да ги поддржи студентите.
doj1Во Дојран се бараше место повеќе. Преку ден, сите кафулиња и ресторани беа пребукирани, а паркинг место беше невозможно да се најде. И плажите беа преполни со луѓе. Дојран дефинитивно понуди одлична забава за сите љубители на фестивалите. Без сомнение, Дојран ќе стане важна точка на европската фестивалска мапа.
doj