Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДојди со велосипед во „Јавна соба“ и добиј награда

Дојди со велосипед во „Јавна соба“ и добиј награда

Центарот за дизајн и иновации “Јавна соба” од вчера отпочна кампања за зголемено користење на велосипеди во градот Скопје. Сите они кои ќе ја посетат “Јавна соба” со велосипед во текот на 2016 година ќе бидат наградени. Целта на оваа кампања е да се поттикнат сите геренации на граѓани да користат велосипед како превозно средство.

Трендот на рекреативно користење на велосипед во Скопје е евидентно зголемен. Тоа се забележува за време на викендите, особено кога и помлада и постара популација го користи убавото време за да се рекреира во паркови, на Водно, но и до подалечни дестинации.

Скопје како град има одличени предиспозиции за користење на велосипед во секое време од денот и било кој период од годината. Велосипедот го олеснува движењето, се избегнува сообраќајниот метеж и овозможува подобро планирање на сопственото време и има голем позитивен импакт врз нашето физичко и ментално здравје. Фактот дека не загадува не треба дури и да се споменува.

Масовноста на користење на велосипед ќе влијае секако и кај локалните власти да ја подобрат инстрастуктурата и сигнализацијата на улиците низ градот.  Од тие причини сите посетители во Јавна соба ќе бидат наградени со попуст на целокупниот асортиман на услуги и производи.

Кампањата за користење на велосипед како превозно средство ќе трае во текот на целата година.