Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Дојче банк“ прави грешки тешки 6 милијарди – ја наполниле сметката на погрешен клиент

„Дојче банк“ прави грешки тешки 6 милијарди – ја наполниле сметката на погрешен клиент

„Дојче банк“ со низа грешки. Во јуни годинава, најголемата германска банка, случајно на сметката на еден клиент префрлила шест милијарди американски долари. Грешката ја направил еден нов вработен кој погрешно ги внел бројките, а неправилноста е исправена за само еден ден.

„Дојче банк“ од Франкфурт го следи низа скандали, откако извршните директори Аншу Јаин и Јурген Фичен поднеле оставки. Банката исто така се наоѓа во 6000 спорови и во мај морала да плати казна од 2,5 милијарди долари поради местење на каматни стапки.