Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Дојче банк“ ќе отпушти 15.000 вработени

„Дојче банк“ ќе отпушти 15.000 вработени

Германската „Дојче Банк“ соопшти дека во третиот квартал од ова година остварила загуба од шест милијарди долари, поради што најави укинување на 15.000 работни места.

Најголемата банка во Германија соопшти дека ќе отпушти 9.000 луѓе со полно работно време и 6.000 надворешни соработници. Банката ќе се повлече од 10 земји, поточно нема повеќе да работи во земји како Мексико, Норвешка и Нов Зеланд.

Исто така, банката планира и продажба на некои банки-ќерки во следните две години, кои вработуваат 20.000 луѓе.