Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДоговорот за добрососедство со Македонија доставен на ратификација на бугарското Собрание

Договорот за добрососедство со Македонија доставен на ратификација на бугарското Собрание

Владата на Бугарија денеска и формално го достави Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија на ратификација во бугарското Народно собрание.

Договорот беше потпишан на 1 август во Скопје, од премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Ратификацијата на документот е израз на желбите на Бугарија да изгради добрососедски односи врз основа на европските вредности, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската влада.

„Договорот ќе даде видливи резултати во однос на проширувањето на транспортните врски и комуникации меѓу двете држави, учество и обезбедување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и олеснување на комуникацијата меѓу луѓето на двете земји“, велат од бугарската влада.

Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија формално ќе стапи на сила кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.