Tuesday, Apr 16, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДоговорено, Суботиќ пристигнува во Премиер лигата

Договорено, Суботиќ пристигнува во Премиер лигата

Екипата на Мидлсборо ја заврши работата околу доведувањето на Невен Суботиќ, а преостанаа уште само неколку ситни детали околу новиот договор. Мидлзбро до сега ги доведе Валдес, Еспиноза, Мекги, Де Рон, Фишер, а сега се на пат да го добија и шестото засилување за предстоечката сезона во Премиер лигата.

Тоа ќе биде Невен Суботиќ кој ги договори сите услови и наскоро ќе стане нов фудбалер на новиот Премиерлигаш кој очигледно има високи амбиции за следната сезона. Суботиќ е продаден за околу 10 милиони евра, но преостанува уште да добие работна дозвола. Во Мидлзбро сметаат дека тоа нема да биде никаков проблем за комплетирање на трансферот.

Поранешниот репрезентативец на Србија имаше проблеми со повредите изминатите неколку сезони, поради тоа играше малку и во претходната сезона, но сега се чувствува одлично и е подготвен за најголеми напори. Аитор Каранка не сак да запре на Суботиќ, во својот тим го посакува и Алваро Негредо, а шпанскиот напаѓач би можел да пристигне во клубот на позајмица од Валенсија.