Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДоговорена авионска линија Скопје – Подгорица – Сараево

Договорена авионска линија Скопје – Подгорица – Сараево

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министрите Крешник Бектеши и Рената Треневска-Дескоска, вчера имале средба со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, на која било договорено да се воведе авионска линија Скопје – Подгорица – Сараево.

– Сакам да објавам дека е усогласен текст помеѓу Република Македонија, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, што ќе биде испратен до сите авионски компании што работат во овој регион, за да испратат понуда за воспоставување авионска линија на релација Скопје – Подгорица – Сараево и обратно, за да можеме ова важно прашање конечно да го решиме. Веруваме дека сето тоа ќе овозможи нови економски перспективи, но и секаков друг вид соработка, туристичка, културна соработка, соработка во областа на спортот, на образованието и од сите други аспекти на секојдневниот живот на граѓаните – изјави Заев по средбата.

Премиерите на средбата констатирале дека земјите немаат отворени прашања и се согласиле дека интензивирањето на соработката во регионот ги отвора евроатлантските перспективи за државите.