Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДоговор меѓу партиите нема ниту денеска

Договор меѓу партиите нема ниту денеска

Денешната рунда преговори на политичките партии со дипломатите, кои се одржуваа во Клубот на пратеници, заврши без резултат.

„Договор нема, преговорите ќе продолжат утре“, изјави кратко амбасадорот на САД во земјав, Џес Бејли.

Во текот на изминативе денови, партиите бараа конструктивност, но се обвинуваа меѓусебе за непопустливост.

Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ бега од фер избори, а Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ смета дека досега неговата партија правела отстапки.