Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДодик: Босанскиот јазик не постои

Додик: Босанскиот јазик не постои

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик тврди дека не постои босански јазик, тоа не го пишува ниту во ентитетскиот Устав, односно дека одлука за босанскиот јазик никаде не постои.
– Бошњаците унилатерално донесоа одлука дека тоа е нивни јазик, истакна Додик на прес-конференција.

Тој нагласи дека не е против тоа Бошњаците да зборуваат и да го нарекуваат својот јазик како сакаат, но дека не можат да го наметнуваат на други.

Министерството за образование и култура на РС тврди дека училиштата во овој босанско-херцеговски ентитет запишувајќи им на бошњачките ученици во сведителствата „бошњачки јазик“, наместо претходниот термин „босански јазик“, постапиле врз основа на Уставот на РС „почитувајќи го српскиот правопис“.

Во Уставот на РС експлицитно е утврдено дека „службени јазици во Република Српска се: јазикот на српскиот народ, јазикот на хрватскиот народ и јазикот на бошњачкиот народ“.