Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДодевски не знае кога Кочан ќе се врати во Македонија

Додевски не знае кога Кочан ќе се врати во Македонија

Адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, изјави дека не знае кога ќе се врати неговиот клиент кој се бара со меѓународна потерница.

– Не знам кога ќе се врати, јас сум само негов правен застапник. За ова прашање обратете се на друго место – изјави Додевски, кој претходно тврдеше дека неговиот клиент не е во бегство, туку дека се наоѓа на службен пат надвор од Македонија.

Сеад Кочан, кој се товари за злоупотреба на службената положба како сопственик на „Трансмет“, кој со лажни документи добил тендер вреден 17 милиони евра од ЕЛЕМ, веќе 13 ден е недостапен за истражните органи.