Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДодека авионот принудно слетувал патниците правеле селфи

Додека авионот принудно слетувал патниците правеле селфи

Ако немаш селфи исто како да не си бил негде или искуството низ кое си прошол исто како да не се случило. Тоа премногу сериозно си го сфатиле патниците на летот од Лос Анџелес до Денвер при што пилотот на Airbus A320 морал принудно да слета.

Поради губење на воздух се активирале и маските со кислород, но дел од патниците воопшто не испаничиле, напротив имале доволно време да направат селфи слики. Од United Airlines соопштија дека дел од патниците се пожалиле на отежнато дишење по што биле искористени маските со кислород, а по слетувањето интервенирале медицинските екипи.

Од истрага на цивилната авијација утврдено е дека состојбата не била сериозна, но бргу се проширила паника откако еден патник се онесвестил, а се прошириле дезинформации дека во пилотската кабина нема воздух иако немало такви индикатори.