Saturday, Apr 20, 2024
HomeИздвојувамеДодека Африка умира од глад, ЕУ годишно „расфрла“ по 22 милиони тони храна

Додека Африка умира од глад, ЕУ годишно „расфрла“ по 22 милиони тони храна

ЕУ годишно „расфрла“ по 22 милиони тони храна, а предводник меѓу земјите-членки е Велика Британија, покажуваат резултатите од извршената анализа, направена со поддршка на Европската комисија. Податоците од анализата се добиени од шест земји на ЕУ – Велика Британија, Романија, Германија, Данска, Финска и Холандија. Од овие држави Романија расфрла најмалку храна.

Истражувањето покажало дека околу 80 отсто од расфрлањето на храната може да се спречи.

Според експертите, воспитувањето на луѓето како да пазаруваат повнимателно и како да ги планираат своите потрошувачки потреби може да помогне да се спречи оваа појава, а истовремено и да се намалат трошоците за храна кај луѓето. Заедничкиот истражувачки центар на ЕК, кој ја спровел анализата, наведува дека „големо количество храна се уште може да се консумира, но се фрла откако ќе помине нејзинот краен рок за продажба, кој е различен од рокот на употреба на производот“.