HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Doctor Strange“ забележа домашна заработка поголема од 100 милиони долари

„Doctor Strange“ забележа домашна заработка поголема од 100 милиони долари

doctor-strange-2

Најновиот хит на Марвел, одличниот Doctor Strange успеа за 1 недела прикажување во кино салите ширум С. Америка да ја надмине бројката на заработувачка од 100 милиони долари. Филмот во режија на Скот Дериксон имаше одлична заработувачка и по првиот викенд на прикажување во С. Америка кога заработи и 85 милиони долари, а успеа да заработи 105 милиони долари по само 6 дена прикажување во домашните кино сали.

Филмот ја надмина бројката од 300 милиони долари заработка на глобалниот бокс офис, но во претстојниот викенд главна конкуренција за понатамошна доминација на бокс офисот ќе претставува СФ трилерот Arrival. Но, и покрај добриот почеток, не се очекува до крајот на годинава да ја надмине бројката од 1 милијарда долари заработка затоа што веќе се закажани премиерите на повеќе одлични филмови како Fantastic Beasts And Where To Find Them, Assassin’s Creed и Rogue One.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com