Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСХороскопДобредојде, август! Еве што ни носи овој месец на љубовно поле

Добредојде, август! Еве што ни носи овој месец на љубовно поле

Пристигна месецот на позитивни промени, како на секојдневието така и на љубовен план. Јупитер ќе започне нов циклус кој ќе биде најповолен за смелите и оние кое не се плашат да ризикуваат и да пробаат нешто ново. А дали ќе бидете смели во љубовта, прочитајте што вели вашиот хороскопски знак:

ОВЕН
Марс е планетата во вашиот сектор, што ве прави емотивно поподложни и поранливи, при што доаѓа до често менување на расположението а тоа нормално дека не ви се допаѓа.
Центарот на вниманието овој месец може да ви го свртат лавовите,а не се исклучува и можноста да се впуштите во авантура со две личности во исто време.

БИК
Ќе бидете фокусирани на длабоки поврзувања со личностите кои ќе ви бидат во пресрет, можно е да ви се појават емоции преку разговор со посебна личност.
Слободните Бикови еверојатно да тргнат во лов по некој колега/колешка од работното место. Ваши додворувачи ќе бидат Ракови, Риби и Шкорпии.

БЛИЗНАЦИ
За вас ова ќе биде период на слободоумност и нови контакти, а привлечноста ќе ја барате во личностите за кои ќе знаете дека ќе ви пружат сигурност и удобност.
Ако сте подготвени за нова врска, направете го тој чекор токму на почетокот од август. Способни сте без многу размислување да кажете „да“ на спонтан договор за патување, забава или излет.

РАК
Раковите ќе ги продлабочат своите чувства во подготовки за семејство или ќе почнат да размислуваат за заеднички живот. Луѓето ќе ги освојувате со сензибилноста и ќе бидете свесни за вашите особини кои ќе започнете да ги искористувате на најдобар можен начин.

ЛАВ
Харизматичноста ќе биде на најголемото можно ниво и сите ќе сакаат да бидат во ваше присуство. Во првата половина од месецот ќе бидете изненадени од неочекувано познанство, а што ќе се случува понатаму тоа ќе зависи само од вас.
Moжно е личност со знак Вага да флертува со вас, но вие да не бидете заинтересирани за авантура.

ДЕВИЦА
Месецот ќе го започнете со позитивност и шарм на кој никој нема да одолее. Жените Девици ќе се разубавуваат, а мажите ќе станат вистински заводници.
Меркур ќе го истакне полето на тајни, што ќе ве направи помистериозни за спротивниот пол.

teddy-love-love-31810418-720-540ВАГА
Mарс ќе биде во вашиот опсег и ќе направи партнерските односи да бидат претежно променливи. Голема веројатност за тоа ќе биде личност покрај вас која ќе се соочи со приватни проблеми.
Втората половина од месецот ви отвора широки хоризонти кон нови љубови. Некој со знакот Лав ќе ве изненади на самиот крај од месецот.

ШКОРПИЈА
Искушенијата ќе ви бидат слаба точка. Може лесно да бидете со една личност, а да мечтаете за друга или, пак, ќе пројавите чувства за личност која не е „сингл“.
Бидете внимателни во ситуациите со кои ќе се соочите месецов и не дозволувајте да ги искажете своите емоции на која било личност.

СТРЕЛЕЦ
Меркур месецов ќе ви донесе многу љубов со важна личност која доаѓа од пат и емоционално ќе ве подигне на поинакво ниво, со што ќе бидете максимално посветени на личностите за кои се грижите.
Слободните Стрелци кои ќе уживаат во мечтаење и романса може да се соочат со флерт со личност која ви се претставува како пријател

ЈАРЕЦ
Бидете внимателни, овој месец може да имате турбуленции со личнста со која сте во врска. Ќе бидете подготвени да попуштите пред партнерот, па затоа обидете се да бидете и потолерантни.
За оние во брак и подолга врска еден совет – не дозволувајте меѓусебните тензии да ви го нарушат изградениот однос.

ВОДОЛИЈА
Вашето внимание ќе го сврти личност која е добро позната на јавноста и интересна за многумина. Дел од Водолиите ќе имаат најмалку две опции за влегување во емотивна врска, додека другите ќе имаат многу побарувања.
Бидете отворени и контактирајте со сите личности кои ви се допаѓаат, нема да згрешите.

РИБИ
Расположенето за забава и многу нови познанства ќе бидат на ниво. Можно е да проширите познанство со личности од Црна Гора или Италија.
Можна е понуда за романтичен однос од Рак, а ваш вистински предизвик ќе бидат Лавовите или Близнаците.