HomeДЕНЕШНАЕкономијаДобра вест за возачите: Горивата поевтинуваат од полноќ

Добра вест за возачите: Горивата поевтинуваат од полноќ

gorivo-pumpa

Од вечерва поевтини горива. Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари по литар.

Според oдлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 60 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 62 денари, Еуродизелот за 47 денари и Екстра лесното масло за домаќинството 35,5 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот и ќе се продава по 21,947 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта изнесуваше 44,073 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 55,9 денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com