Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноДо заработка преку преселување во некоја од овие држави

До заработка преку преселување во некоја од овие држави

Од пропаднати метрополи, до гратчиња од само педесетина жители, сите тие сакаат било кој да дојде да живее. Доколку сакате да го промените ритамот и ви досадила монотонијата на вашиот град, зошто не се преселите. Секако, преселувањето е стресно и скапо, но има и такви места кои дури и ќе ви платат да се доселите кај нив.

Алјаска

Ако сакате темни зими и многу голо тло, преселете се на прекрасната Алјаска. Поради климата и оддалеченоста, таа со задоволство ги поттикнува граѓаните да се доселат. Секој жител на Алјаска добива 2000 долари само затоа што живее таму. Дури и новороденчињата ја добиваат таа сума на пари. Затоа, ако ви се допаѓаат планините, ледниците, рибарството и лета кои не надминуваат 18 степени Целзиусови, размислете за живот на северот.

Балтимор

Уште еден град кој има проблеми со криминалот е Балтимор. Прогласен е за седмиот најопасен град во САД, а станал славен и по бруталната серија Жица. На потенцијалните доселеници им нудат 5 000 долари за купување на недвижнини, а ако сакате да купите напуштена куќа, било каде во градот, нудат 10 000 долари.

Детроит

Сите веќе знаат дека Детроит е град на духовите, барем ако сте погледнале било кој спот за песната на Еминем. Лајв Даунтоун е програм кој им овозможува на луѓето да купуваат недвижнини во центарот на градот. Ако купувате недвижнина, ќе добиете 20 000 долари заем кој под одредени услови, нема да мора да го враќате. Дури и закупците добиваат некои олеснувања, па така добиваат 2000 долари за првата година под наем и по 1 000 за секоја следна.

Канзас

„Тото мислам дека не сме веќе во Канзас“, рекла Дороти од книгата Волшебникот од Оз. Слична изјава повторувале бројни поранешни жители на таа сојзуна држава и тие сега сакаат тоа да го променат. Градот Линколн ќе ви даде, целосно бесплатно, парче земја за изградба на семејна куќа. Но државата нуди и даночни олеснувања или исплата на студентски кредит, само треба да се одлучите да живеете во руралниот дел на државата.

Њу Ричланд, Минесота

Дека Канзас не е единствен докажува Њу Ричланд кој нуди земја за изградба на семејна куќа. Затоа ако ве привлекува живот во самотија и дебел температурен минус, можеби тоа е вистинското место за вас.

Пајпстон, Манитоба

Не е само Америка очајна поради недостаток на жители. Дури и Канада има проблеми со одливот на жители и поради тоа Пајпстон во Манитоба нуди земјиште. За волја на вистината, земјиштето не е бесплатно, но со 1 000 долари однапред платено резервирате земја, а купувањето е само дополнителни 10 долари. Освен тоа, ако се одлучите на покренување сопствен бизнис, нудат 32 000 канадски долари поттик.

Остров Питкарин во Јужниот Пацифик

Еден од најоддалечените острови на светот, има само 50 жители. Тоа е накратко, Питкарин. Поради толку малкуте жители, само сака да привлече нови луѓе и поради тоа нудат земјиште само да дојдете. И покрај ваквата примамлива понуда досега само едно лице прифатило и дошло на островот. Можеби затоа што имаат само една продавница која работи три дена во неделата и се мора да се порачува од Нов Зеланд на секој трет месец.