Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноДо сите левораки личности, денешниот ден е само ваш!

До сите левораки личности, денешниот ден е само ваш!

Денеска е меѓународниот ден на сите левораки личности. Секоја година, 13-ти август е ден посветен на скромните 10 проценти од популацијата ширум светот, чија лева половина од мозокот е поразвиена – причина поради која левата рака е нивниот прв избор при извршувањето на секојдневните обврски.

Научниците ги опишуваат левораките како потемпераменти, нестрпливи личности и често прават нешто без да промислат и имаат потреба за менување на нивните активности.

Меѓу славните личности кои биле левораки се вбројуваат Леонардо да Винчи, Микеланџело, Бетовен, Бах, Чарли Чаплин, Цезар, Александар Македонски, Наполеон, Ајнштајн, Максвел и интересно – поголемиот број на американски претседатели.