HomeДЕНЕШНАПолитикаДо 2015 требаше да се лечиме во нов клинички, тендерот објавен дури сега

До 2015 требаше да се лечиме во нов клинички, тендерот објавен дури сега

nikola-todorov11

Новиот клинички центар во Скопје кој беше најавен уште во 2012 конечно ќе почне да се гради. Министерството за здравство го објави огласот за доставување понуди. Министерот Никола Тодоров го најави најголемиот здравствен комплекс „Мајка Тереза“ кој со целото модерницирање ќе чини 128 милиони евра. Почетокот на градежните работи се очекува да почнат во март наредната година а проектот е предвиден да почне со работа во 2021 година. Според првичните најави клиничкиот центар требаше да биде готов во 2015 година.

„Во новиот објект влегуваат и клиниките за неврохирургија, трауматологија, дерматологија, психијатрија, неврологија, сите сместени до четвртото ниво. На четвртото ниво се предвидени непроодни тераси, кровни градини на три локации. Од петтиот кат нагоре, содржани се клиниките за ревматологија, токсикологија, ортопедија, неврологија – што продолжува од четвртиот кат на петтиот, пулмологија, нефрологија, оторинголарингологија и офталмологија. На најгориот дел од објектот предвидена е и хеликоптерска платформа“ – рече министерот Тодоров.

Дали ќе има уште едно одложување, останува да видиме.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com