Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеДизниленд ќе се реновира со 1 милијарда долари

Дизниленд ќе се реновира со 1 милијарда долари

Дизниленд е сигурно најголемата детска фантазија за одмор и посета на омилените ликови од цртаните филмови, но забавниот парк долго време функционираше на стара слава. Сега Дизни корпорацијата реши да потроши 1 милијарда долари за реконструкција и обнова на содржините со кои планира да ги задржи посетителите но, и да го смени имиџот како еден модерен парк идеален за семеен одмор.

disneyland-2

Буџетот од 1 милијарда долари можеби изгледа астрономски кога е во прашање забавен парк, но Дизни има огромен годишен профит од стотина милијарди, а згора на се добија и огромно ослободување од даноци од страна на Анахајм округот. Оваа инвестиција ќе се реализира од 2017 до 2024-та, а Дизниленд ќе креира и одржи 24 илјади работни места.