Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДивоградбите ќе се толерираат до март 2016

Дивоградбите ќе се толерираат до март 2016

Владата планира уште еднаш да го пролонгира рокот за поднесување на докуметација за легализирање на дивоградбите и ќе го одреди 31 март 2016 како последна шанса за сите кои имаат приватни објекти, куќи и згради со нецелосна документација да си ја завршат обврската и да избегнат присилно рушење.

Тие што веќе поднеле дел од документацијата до општинските власти ќе имаа можност до 31 декември 2016 да го поднесат и неопходниот градежен елаборат за да се финишира постапката на легализација. Во досегашната процедура околу 150 илјади барања се финализирани, а според проценките има над 350 илјади поднесени предмети.