Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДиректорот на Хипо банка даде оставка поради панамските документи, светските лидери негираат вина

Директорот на Хипо банка даде оставка поради панамските документи, светските лидери негираат вина

Михаел Грамер, претседателот на Управниот одбор на австриската банка „Хипо Форарлберг“, поднел оставка на функцијата, откако името на банката се појави во документите кои истекоа од паманската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“.

Грамер во својата изјава нагласил дека оставката не е признавање на вина, туку лична одлука, за која одамна размислувал. Банкарот е во Управниот одбор на „Хипо Форарлберг“ од 2004 година, а претседател на Одбор стана во 2012 година.

Засега, премиерот на Исланд е единствениот политичар кој поднесе оставка. Вчера, рускиот претседател Владимир Путин негира било каква поврзаност со офшор сметките и го опиша скандалот „Панамски документи“ како дел од обидите на Западот за поткопување на Москва.

Аргентинскиот претседател, Маурицио Maкри исто така ја негира вината, но за него е отворена истрага, а тој мора да се појави пред федерален обвинител да ги објасни неговите финансиски зделки.

лидер

Дали документите од Панама ќе ги срушат светските лидери како кула од карти или пак ќе останат неказнето, остануива да видиме.